Австралискиот фармер Колин Деверо, , кој е на возраст од 60-тите години, тврди дека преживеал напад на крокодил возвраќајќи и гризејќи го животното. Фармерот на говеда поминал еден месец во болница откако бил каснат од крокодил од 3,2 метри во Северната Територија.
„Во борбата за преживување, го каснав крокодилот за очниот капак“, изјави Деверо за „ABC News“. Тој вели дека го сретнал крокодилот откако застанал на езерото додека патувал во близина на реката Финис минатиот месец поради изградба на ограда.
Застанал покрај езерото откако забележал како пливаат риби. Откако се приближил до езерото, крокодилот го каснал за десната нога, го затресол како и го одвлекол во езерото.
Деверо изјави за „ABC“ дека прво се обидел да го удри крокодилот во ребрата со другата нога, но дека тоа не му успеало.
“Бев во таква непријатна положба… Моите заби случајно му го фатија очниот капак. Беше прилично дебел. После тоа, капакот се згрчи и крокодилот ме пушти. Побрзав до местото каде што го паркирав автомобилот. Крокодилот ме бркаше малку, можеби неколку метри, но потоа застана“, изјави фармерот за „ABC“.
Австралиецот вели дека користел крпа и јаже за да го запре крварењето во ногата, пред неговиот брат да го одвезе 130 километри северно до болницата Кралската Дарвин.
“Нападот со крокодил ми покажа дека морам да го променам она што го правам. Предолго шетав низ мочуришта и поправав огради за пари. Ова ми ги отвори очите”, рекол тој.
Според локалната власт, крокодилите се заштитен вид и како туристичка атракција се важни за тој дел од Австралија.