На покана на министерката за одбрана на Австрија Клаудија Танер, во вторник, во Кремс, провинцијата Долна Австрија, ќе се одржи конференција на министрите за одбрана на земјите од Западен Балкан.

Како што е најавено, на состанокот ќе присуствуваат министрите за одбрана на Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија.

Целта на состанокот е дополнително зголемување на безбедноста и политичката стабилност на Западен Балкан. Според Виена, оваа стабилност мора да се зајакне преку преговори и регионална и билатерална соработка