Министрите за надворешни работи и внатрешни работи на Австрија, Александар Шаленберг и Карл Нехамер, планираат конференција за Авганистан, на која ќе ги поканат соседните земји од таа земја и одредени членки на ЕУ со цел да понудат помош.
Конференцијата е планирана во виртуелен формат за крајот на август или почетокот на септември. Целта на конференцијата е да се зајакне регионот, односно непосредните соседи на Авганистан. Нехамер посочува дека во борбата против илегалната миграција кон Европа, потребно е да се има сеопфатен пристап, така што сега приоритет е да им се помогне на соседите на Авганистан.