Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
Како што соопшти МНР, Шаленберг ќе се сретне со својот домаќин, министерот за надворешни работи Никола Димитров, по што двајцата министри ќе одржат прес-конференција.
Во рамки на посетата на земјава, шефот на австриската дипломатија ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.
На средбите се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални политички односи, економската и трговската соработка меѓу Македонија и Австрија, како и за европската перспектива на нашата земја. Исто така ќе бидат разменети и мислења за регионалната соработка, состојбите во ЈИЕ и други актуелни регионални и меѓународни прашања, се додава во соопштението на МНР.