Новите еко автобуси на ЈСП „Скопје“ почнаа со пробно возење низ улиците на Скопје и наскоро ќе станат дел од јавниот транспорт, се пофали денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

– Во тек е обуката на возачите, која ќе трае и за време на карантинскиот викенд. До недела ќе бидат обучени 25 возачи, а обуките ќе продолжат и во наредниот период. Досега во Скопје се стигнати 13 нови еко автобуси, десет единечни и три зглобни, а во текот на наредната недела ќе пристигнат уште 3 нови автобуси, два зглобни и еден единечен, се пофали Шилегов на Фејсбук.

Секако за поздравување е овој успех на Шилегов за 13 автобуси кои требаше да бидат во сообраќај од пред неколку месеци. Како што е познато, во време на мандатот на претходниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски за ЈСП беа купени повеќе од 500 нови единечни и двокатни автобуси.

Па, ако за 13 автобуси треба да се прави чочек во Скопје, за 500-те требаше фестивал од ора и чочеци.

(Д.Г.)