Од денеска, поради асфалтирање на коловозот на дел од булеварот Христијан Тодоровски – Карпош во Бутел автобуските линии 8, 47, 57, 57А, 59, 61, 47А и 71 ќе возат по друга траса од вообичаената.

ЈСП образложи дека возилата од булеварот Христијан Тодоровски – Карпош ќе вртат лево по улица Ферид Бајрам, потоа десно по улица Кемал Сејфула, а оттаму секој по својата утврдена траса.

Се очекува времениот режим на сообраќање да трае 7 дена.