Соочени со извесниот пораз на претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски бараат алиби, затоа лажат и се закануваат кон обвинители, соопшти денеска владејачкиот СДСМ.

– Јавното обвинителство е независна и професионална институција која работи согласно законските надлежности и треба да се остави да ги заврши започнатите истраги. Изборни измами беа одлика на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Времето на изборни притисоци и измами заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Македонија ќе има кристално чисти, фер и слободни престседателски избори. На кристално чисти избори граѓаните ќе изберат претседател за сите, кој достоинствено ќе ја претставува државата, претседател кој ќе гледа и ќе води напред, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски. Наместо да бараат алиби, ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Силјановска нека се подготват за изборен пораз, порачуваат од Центарот за комуникации на СДСМ.