Осумнаесет лица се повредени откако австриски туристички автобус денеска се урна и падна во канал на автопат во близина на Хановер, Германија.
-Лицата се со полесни повреди и пренесени во околните болници, изјави портпаролката на полицијата.
Во автобусот се наоѓале вкупно 19 лица на возраст од 24 до 74 години и едно девет-годишно дете.
Кај возачот на автобусот се води истрага за загрозување на сообраќајот и невнимание.
Автобусот кој доаѓал од Австрија бил на пат кон Норвешка.
Причината за несреќата останува нејасна, иако е извесно дека во несреќата не учествувале други возила.
На лице место се ангажирани полицајци, пожарникари и спасувачки хеликоптер.