Две лица се тешко повредени откако се судриле камион и автомобил на патот Кочани-Делчево.

Во 11.40 часот на магистралниот пат Кочани – Делчево, на место викано „Каменолом-Драка“, атар на Виница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „нисан“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот В.С. од Делчево и товарно возило „форд транзит“, со кочански регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Д.С. од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.С. и сопатничка од истото возило, 67-годишната Ј.С. по што биле пренесени во Медицинскиот центар во Кочани за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Виница.