Утрово излета возило во реката Вардар близу трговскиот центар „Веро Џамбо“ во центарот на Скопје.
Се уште нема информации каква е состојбата на возачот и дали во автомобилот имало и други патници.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата.
На социјалните мрежи беше објавено видео во кое се гледа дека возилото седвижи со голема брзина пред несреќата.