Десет автомобили изгореа ноќеска во Нов Белград, од кои три се целосно уништени додека седум делумно, јавија белградските медиуми. Пожарот е локализиран, а причината за пожарот се утврдува.
Дел од медиумите јавија дека жители на тој дел од Белград тврдат дека пожарот го предизвикал пироман и се сомневаат дека напаѓачот овој пат донел кофа со гориво за намерно да запали паркирани возила.
ФОТО: Мој Белград




