Од денеска до четврток ќе има промена на режимот на сообраќај на делницата Миладиновци – Куманово, кај старата наплатна станица Романовце.
Причината за изменетиот сообраќаен режим, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, се градежни активности за поставување на индуктивни јамки на автопатот.