Во САД, држава на Џон Кенеди и на Барак Обама власта сега е во рацете на 70-годишници и 80-годишници.
Доналд Трамп има 72 години и е најстар избран претседател во историјата на САД.
Сенатот го води Мич Мекконел, четири години постар од Трамп. Наскоро 79-годишната Ненси Пелоси ќе го преземе Претставничкиот дом на Конгресот. На функцијата го наследува 48-годишниот Пол Рајан. Толку имаше и Обама кога беше избран за претседател.
Нивната посветеност кон работата, амбициите и интелектуалната динамика несомнено играаат улога, велат научници.
– Научната литература покажува дека луѓе со цел и страст, стареат споро, вели Мариа Тороела Карни шеф на геријатриски оддел во њујоршката болница Нортвел Хелт.
Лекарот Ерик де Јонге води геријатриски оддел во универзитетската болница МедСтар во Вашингтон. Меѓу неговите пациенти е и „важна политичка личност“, но не сака да каже за кого станува збор.
– Здрав сон, здрава храна, вежбање и урамнотежен живот се столбови на здравјето на старите луѓе, вели тој.
Доналд Трамп обожава хамбургери, но не пие и не пуши и има намера за втор мандат во 2020 година. Не треба да чуди ако тогаш му се спротистават Елизабет Ворен (68), Џо Бајден (76) или Берни Сандерс (77).