Шеесет и девет годишниот пензионер од Холандија, Емил Рателбанд, која поведе правна битка законски да ја промени својата возраст за да може повторно да работи и да запознава нови жени на Тиндер, ја изгуби правната битка, јавува ББС,

Рателбанд се чувствувал дискриминирано поради своите години, па посакал да го смени датумот на раѓање, па и официјално да биде 20 години помлад, како што и се чувствувал.

– Живееме во време кога можете да го смените името и полот. Зошто јас да не можам да одлучам колку години имам?- прашува Емил.

Но, судот не се согласил со него, нагласувајќи дека многу законски права се темелат на годините, па промената на возраста предизвикува многу проблеми. Според мислењето на судот, нема правна основа за таква промена.

–  Господинот Рателбанд е слободен да се чувствува 20 години помлад од својата вистинска возраст и да се однесува во согласност со тоа, му одговориле од судот, но судиите оцениле дека промената на неговите службени исправи би имало „непожелни правни и општествени последици“.

Рателбанд, личен тренер „специјализиран за развој на самосвеста“, со своето необично барање се најде на насловните страници во целиот свет.

Спроти рочиштето Рателбанд во медиумите изјави дека се чувствува дискриминиран и при вработување и на Тиндер, популарна апликација за познатства, и дека лекарите му рекле дека има тело на четириесетгодишник.

 

Затоа побарал во пасошот да му се впише изменет датум на раѓање, така што наместо 11 март 1949-та, да стои 11 март 1969 година.

– Кога би имал 49 години би можел да купам нова куќа, да возам друг автомобил и да имам повеќе работа. Кога сум на Тиндер и кога ќе кажам дека имам 69 години, никоја не ми одговара. Кога би имал 49, со моето лице, би бил во сјајна ситуација, вели пензионерот.

Во медиумското внимание доби и по некоја критика поради тоа што својата ја споредил со положбата на трансродните лица.

Тој неоженет татко на семејство од Архем, на југоистокот од Холандија, пред судот рекол дека неговото барање е еднакво легитимно како и желбите на лица кои бараат во личните документи да им се впише „трет пол“.

Судот се согласил дека возраста е дел од идентитетот, но оценил дека за разлика од смена на името или полот, има натамошни последици.

– Со возраста се поврзани и права и обврски. На пример, правото на гласање, правото на склучување брак, можноста за пиење алкохол и возење автомобил, гласи одговорот од судот.

Судот утврдил дека овозможувањето некој да се прогласи за помлад отвора можност и за спротивното – да се биде постар.

Исто така судот напоменува дека за промената на законот за смена на полот следело по глобални расправи за тоа прашање, а за неговиот случај немало други заговорници освен него.

Ако се чувствува дискриминиран постојат и други начини законски да се решат неговите проблеми, заклучува судот.

Leef je dromen

Gepostet von Emile Ratelband am Donnerstag, 18. Oktober 2018