Еди Марфи стана татко по десетти пат

/ 04.12.2018

Американскиот актер Еди Марфи и неговата вереница Пејџ Бачер добија син, соопшти синоќа портпаролот на познатиот комичар.

Како што јавија американските медиуми, најновиот син е десеттото дете на 57-годишниот Марфи, од кои второ со Бачер.

Најстариот син на Марфи, Ерик има 29 години.

Портпаролот на актерот информира и дека по породувањето, Бачер и бебето се добро.


Од истата категорија