Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека не ги поддржува засилените критики од страна на лидерите на ЕУ кон владите на Полска и Унгарија.
– Самите Унгарци и Полјаци подобро можат да реагираат на можните закани по демократијата (во нивните земји), отколку пратениците во Европскиот парламент или службениците во Брисел, изјави Бабиш во интервју за весникот „Право“.
Тој нагласи дека не ми се допаѓа тоа што Европската комисија може да започне постапка против Полска или Унгарија поради прекршување на демократските принципи, потенцирајќи дека Чешка „нема да ги напушти своите сојузници“.
Бабиш во интервјуто се осврнува и на мигрантскиот проблем, нагласувајќи дека тој и неговиот унгарски колега Виктор Орбан имаат најголема заслуга што пропаднал планот на Еврокомисијата за прераспределба на мигрантите меѓу земјите членки на ЕУ според утврдени квоти.
– Ние бевме тие кои се боревме против квотите на Брисел. Обезбедивме повлекување на тој бесмислен систем, истакна Бабиш.
Како што јави ДПА, чешкиот премиер потенцира дека Прага нема да се согласи да прифати ниту еден бегалец што илегално влегол во ЕУ, макар и да станува збор за сирак од Сирија.
– Зосто а мораме да ги прифатиме. Ние имаме сираци и во нашата земја, кои треба да ги подготвиме за живот, порача Бабиш