Александра Заева, ќерката на премиерот Зоран Заев, објави фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, на која премиерот ја покажува паричката што му се паднала во лепчето.

Според фотографиите, како што објави порталот 24 Инфо, на премиерот Заев паричката му се паднала во поголема конкуренција.

Како што објави порталот, освен со потесното семејство, Заев бадниковата вечера ја прославил и со неговите внуци.