Баерн Минхен вчеравечер ја совлада Фортуна Дизелдорф со 5:0 во натпреварот од 29-то коло на германскиот шампионат. За тренерот на Баварците, Ханс-Дитер Флик оваа победа беше 22. побед на првите 25 натпревари како шеф на стручниот штаб.

Така, Флик го надмина достигнувањето на Пеп Гвардиола, кој победи на 21 од првите 25 средби на Баерн.

Флик го наследи Нико Ковач како главен тренер во ноември 2019 година. Оттогаш, екипата од Минхен претрпе само два порази – од Баер (1:2) и од Борусија Менхенгладбах (1:2), додека ремизира со Лајпциг (0:0).