Халфот на Баерн Минхен, Хамес Родригез на крајот од сезоната ќе се врати во Реал Мадрид.
Според германското списание „Кикер“, баварците се откажале од опцијата да ги откупат правата на Колумбиецот за 35 милиони евра. Хамес игра под наем кај Баварците.
Според „Марка“, Хамес има сложена врска со тренерот Нико Ковач, поради што играчот не сака да остане во Германија.
Зинедин Зидан е категоричен дека нема да се потпре на Хамес по враќањето на 27-годишниот фудбалер во клубот. Во тековната сезона, фудбалерот од Јужна Америка забележа 27 натпревари за Баерн, постигна 7 гола и даде 6 асистенции.