Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар е дисквалификуван три натпревари на европската сцена, објавено е на официјалниот сајт на УЕФА.

Причината за казната на Бразилецот е неговото однесувањето на реваншот во осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед.

Нејмар по завршување на натпреварот се обидел да се  да пробие во судиската соба, бидејќи бил незадоволен од работата на ВАР арбитрите. Покрај тоа, 27-годишниот Бразилец јавно ги критикуваше судиите на неговиот профил на Инстаграм.

Во тековната сезона, Нејмар настапи на 24 натпревари за ПСЖ, постигна 20 гола и забележа две асистенции.