Голманот на Баерн, Мануел Ноер размислува да го продолжи договорот со клубот од Минхен, но ја чека разрешницата околу тренерската функција.

Според „Кикер“ 33-годишниот Германец, сака да ги одложи преговорите се додека клубот не го одреди тренерот на тимот за следната сезона.

Ноер го цени в.д. тренерот Ханс-Дитер Флик, кој ќе го предводи тимот барем до крајот на сезоната.

Сегашниот договор на голманот е со важност до летото 2021 година.