Баерн по шести пат ја освои шампионската титула во Европа, за прв пат на стадион на кој немаше публика.

Вечерва, во Лисабон, тимот од Минхен ги совлада ПСЖ со 1:0.

Единстениот гол го постаигна Коман во 59 минута.

По примениот гол ПСЖ ја презеде иницијативата.

Во 70. минута Нојер го спречи Маркињос да постигне гол.

Три минути подоцна, по една мешаница, ПСЖ бараше пенал по контакт на Суле и Мбапе, ама залудно.

До финишот на мечот францускиот првак изврши притисок, а пред самиот крај, во судиското надополнување по една контра Мбапе го проигра Нејмар, тој додаде до нововлезениот Мотинг, но топката заврши во гол аут.

ПСЖ загуби во дебитантското финале и покрај огромните средства вложени од сопствениците во последните години.

Во овој циклус на Лигата на шампионите Баерн постигна 11 победи во 11 натпревари.