Иран и понатаму го разгледува одговорот на САД на својот предлог за повторно отворање на Ормуската Теснина и ќе му одговори на Вашингтон преку посредници кога тој процес ќе заврши, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.
Тој на прес-конференција рече дека Иран продолжува да разменува пораки со САД преку посредници.
Иран му предложи на Вашингтон седум услови за повторно отворање на Ормуската Теснина и порача дека поморскиот сообраќај во Ормуз ќе се нормализира во рок од седум дена, доколку Вашингтон ги исполни неговите барања.
Главните барања на Техеран се прекин на војната, односно ставање крај на непријателствата на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан, давање сигурни гаранции дека нападите нема да се повторат, укинување на американската поморска блокада врз иранските пристаништа, ослободување на замрзнатите ирански средства во странство, ублажување или укинување на санкциите, вклучувајќи ги ограничувањата за продажба на иранска нафта, намалување на американскиот воен притисок врз Иран, како и решавање на прашањето за воена отштета и други спорни прашања во рамките на поширок договор.
Фото: архива




