Тропската бура Умберто според очекувањата на метеоролозите денеска треба да прерасне во ураган.
Бурата полека станува се посилна северно од Бахамите, соопшти американскиот Национален центар за урагани (НХЦ), а пренесе Гласот на Америка.
Метеоролозите не советуваат надгледување на брегот, нити издадоа предупредување за бура која се движи во правецот север-северозапад, со максимнална брзина на ветриштата до 95 километри на час.
НХЦ наведува дека „центарот на Умберто“ во текот на следните неколку дена треба да продолжи да се преместува понатаму кон источниот брег на американската сојузна држава Флорида, за потоа да се помести подалеку од САД.
„Надоаѓањето на водените бранови што ги предизвикува Умберто, според очекувањата, во следните неколку дена треба да влијаат врз североисточните Бахами и врз брегот на САД од источно-централна Флорида до Северна Каролина“, додаде НХЦ предупреди дека „зголемувањето на нивото на водите може да предизвика бранови опасни по животот на луѓето“.