Американските сили би го бранеле Тајван, доколку Кина го нападне островот, изјави претседателот на САД, Џо Бајден.

Во интервју за „Си-Би-Ес“, на прашањето „дали Американците би го бранеле Тајван во случај на кинеска инвазија“, тој одговори со „да, доколку би дошло до напад без преседан“.

Бајден нагласи и дека „не го охрабрува“ островот да прогласи формална независност.

„Тоа е нивна одлука“, додаде американскиот претседател.

Како што пишуваат некои медиуми, Бајден ја даде изјавата во време кога има значително приближување на САД и Тајван.

Но, и во период кога односите меѓу Пекинг и Вашингтон се на најниско ниво во изминатите неколку децении, пренесува Бета.