Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки објави дека се заразила со коронавирус. Таа не го придружуваше претседателот Џо Бајден во Европа на самитот на Г-20 во Рим. Тој денеска ќе пристигне во Глазгов на самитот на ОН за климата. Портпаролката го откажа своето патување откако дозна дека членовите на нејзиното домаќинство биле позитивни на коронавирус, јавија американските медиуми.
„Оттогаш сум во карантин и во среда, четврток, петок и сабота имав негативни тестови“, изјави Псаки. „Денеска, сепак, бев позитивна на тестот“. Таа додаде дека нејзиниот последен контакт со претседателот Бајден бил во вторникот, двајцата на растојание од повеќе од 1,8 метри и со маски. Според извори на американски медиуми, Бајден (78) се тестирал во вторникот и имал негативни резултати од ПЦР тест.
Псаки била вакцинирана со две дози вакцини.