БАЈДЕН И ТРУДО: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО

/ 25.03.2023

Американскиот претседател Џо Бајден ја посети Канада, каде заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо вети дека ќе биде обединет против авторитарните режими.

Американскиот претседател Џо Бајден ја посети Канада, каде заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо вети дека ќе биде обединет против авторитарните режими и дека ќе ја намали сопствената зависност од другите земји кога станува збор за клучните суровини и полупроводници.

Канада има многу минерали клучни за производство на батерии и електрични возила, но Кина моментално доминира на светскиот пазар.

– Верувам дека имаме неверојатна можност да соработуваме за да можат Канада и Соединетите Американски Држави да набават и да обезбедат овде во Северна Америка се што ни е потребно за сигурни и одржливи синџири на снабдување – рече Бајден во Парламентот на Канада.

Американскиот претседател воедно истакнал дека двете земји членки на НАТО „ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО“. Трудо рече дека двете земји ќе застанат рамо до рамо со Украина.

– Нашиот начин на живот истовремено се соочува со повеќе закани. Безбедносната политика е климатска политика (а е и економска политика) – нагласи Трудо во неколку наврати.


Од истата категорија