Администрацијата на Џо Бајден претстави план за обезбедување на, речиси, пет милијарди долари, за изградба на илјадници станици за полнење електрични автомобили во САД.
Конгресот го одобри финансирањето во ноември, како дел од предлог-законот за инфраструктурни инвестиции, во износ од еден трилион долари.
Првите 615 милиони долари, од предвидената сума, ќе бидат на располагање уште годинава. Но, прво, државите треба да ги претстават плановите и да добијат федерална дозвола.
Бајден планира до 2030 година, сите нови возила што се продаваат, да бидат или електрични автомобили, или хибридни модели, како и дотогаш да има 500.000 нови станици за полнење.
Планот на Бајден предвидува и 3.5 милијарди долари за трансформација на американски претпријатија за производство на електрични автомобили, како и девет милијарди за американска пошта, но и за федералната влада за набавка на електрични автомобили и станици за полнење.