Путин од почетокот на војната во Украина се надева дека НАТО и Г7 ќе се распаднат, но тоа не се случи и нема да се случи, изјави претседателот на САД, Џо Бајден, кој се наоѓа во Германија на самитот на Г7, каде што зборуваше за рускиот лидер Владимир Путин.
Бајден потоа му се заблагодари на германскиот канцелар Олаф Шолц кој, како што рече, решително одговорил на украинската криза.
– Сакам да ви се заблагодарам за сè што направивте откако станавте канцелар, рече Бајден.