Франција ќе се обиде, заедно со другите европски земји, да ги комбинира сите можни средства за да ја надомести американската воена помош за Украина, изјави францускиот премиер Франсоа Бајру.
„Предизвикот со кој се соочува Франција е многу едноставен. Ова е комбинација од сите можни средства за колку што е тоа можно, да се замени меѓународната помош“, нагласи Бајру, говорејќи во Националното собрание, пренесува „Фигаро“.
Тој изјави дека тоа се напори што мора да ги направат „барем оние Европејци кои се решени да и помогнат на Украина“.
Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ја суспендира воената помош за Украина по неговиот судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавија американски медиуми, цитирајќи претставник на Белата куќа.
Фото: ЕПА