Босна и Херцеговина не ја поддржува желбата на Косово за членство во меѓународни и регионални организации, како и можната кандидатура на Приштина за членство во Интерпол, соопштии Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина.
Министерството истакна дека Босна и Херцеговина не ја признала независноста на Косово и според тоа не ја поддржува желбата на Приштина да стане членка на меѓународни и регионални организации и евентуална кандидатура за членство во Интерпол.
Исклучоци за учество во одредени меѓународни и регионални иницијативи се прави само во во формат договорен со Србија и поддржан од голем број партии, додаде Министерството.