Македонскиот каратист Берат Јакупи викендов го освои второто место и сребрениот медал на Балканското првенство Тирана, Албанија.
Јакупи на овој турнир, имаше пет борби, четири победи, а финалната ја загуби.
– Постигнувањето на сребрениот медал во ваква силна конкуренција е доказ за неверојатната посветеност на Јакупи на спортот. Но, за Берат ова е само почеток. Тој ќе продолжи со интензивните подготовки во текот на овие месеци и е подготвен да се соочи со следните предизвици каде што има за цел да донесе медали за својата земја. Берат Јакупи покажува дека е еден од најуспешните спортисти на меѓународната карате сцена, соопштија од стручниот штаб на македонскиот каратист.
Јакупи на крајот на октомври ќе учествува на Светското првенство за сениори.