Комерцијална банка за девет месеци од оваа корона година остварила профит од 23,1 милиони евра, што претставува речиси еден отсто повеќе од профитот што го остварила во истиот период лани.
Како што објави порталот Банкарство, во периодот од 1 јануари до 30 септември оваа година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.310,6 милиони денари. Во истиот период лани финансискиот резултат изнесува 1.300,6 милиони денари, што претставува зголемување за 0,8 отсто.
Планираната бруто-добивка за деветте месеци од годинава е остварена со 89,1 проценти.
Позитивниот резултат од работењето, Банката го оствари во услови на прогласена вонредна состојба во државата поради пандемијата со Ковид-19 во периодот март-јули.
Вкупните приходи од работењето изнесуваат 3.833,2 милиони денари и бележат зголемување од 25 проценти во однос на истиот период од минатата година.