Разбравме дека ќе биде отворен Уставот на Република Македонија, со цел во него да бидат впишани уште етнички заедници, па сакаме во него да влеземе и ние Македонците и Македонките од Пиринска Македонија.
Ова го истакнуваат во своето барање Македонците кои сега живеат во Бугарија.
Во продолжение целата објава од Фејсбук:
И НИЕ САКАМЕ ВО УСТАВОТ
ПРЕДЛОГ до Влада на Р. Македонија, од етничките Македонци и Македонки во Пиринска Македонија:
Почитувани,
Разбравме дека ќе биде отворен Уставот на Р. Македонија, со цел во него да бидат впишани уште етнички заедници.
И ние, етничките Македонци и Македонки од Пиринскиот дел на Македонија сакаме да бидеме впишани во Уставот на државата Македонија, и тоа како државотворен народ, како дел од македонскиот народ.
И тоа ние го имаме со полно право, бидејќи на 02 август 1944 г. АСНОМ во манастирот Прохор Пчински имавме двајца наши делегати од Пиринскиот дел на Македонија.
Со почит,
Претставници на македонскиот народ од Пиринскиот дел на Македонија, членови на ОМО Илинден.