Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дека епископот Јаков Стобиски извршил дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Комисијата му наложи на епископот да се извини јавно, а доколку тој не го стори тоа, Комисијата ќе поднесе барање за покренување прекршочна постапка пред надлежен суд

Комисијата нотирала дека при јавните настапи епископот Јаков Стобиски изразил мислења, ставови и идеи кои се понижувачки, навредливи и деградирачки кон трансродовите лица и кои ја охрабруваат дискриминацијата кон ЛГБТИ-луѓето, објави Плусинфо.

Во одлуката се вели дека иако Стобиски има право да ги искажува своите мислења и ставови јавно, не смее да охрабрува и поттикнува дискриминација кон одредена група луѓе или, пак, јавно да се залага за нивно маргинализирање и стигматизирање.

„Преку етикетирањето на трансродовите лица како лица кои „страдаат од ментално растројство“ и нивно поистоветување со педофилија, сатанизам, итн., Јаков Стобиски сериозно го повредил нивното достоинство и создал непријателска и застрашувачка средина. Претставувајќи ја и зборувајќи за трансродовоста како за „епидемија на трансџендеризам“, „настраност“, „пореметување“ итн., тој тенденциозно, но и погрешно ја претставил трансродовоста како болест и нешто штетно и заразно. Дотолку повеќе, со ваквиот говор тој поттикнал понатамошна дискриминација кон овие лица и нивните поддржувачи, со тоа што предизвикал и охрабрил лавина реакции на социјалните мрежи во кои е содржан вознемирувачки говор кон ЛГБТИ-лицата“ – се вели во соопштението од Комисијата.

Комисијата исто така препора епископот во иднина да се воздржува од јавни настапи со вознемирувачка содржина врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет или која било друга дискриминаторска основа, во согласност со Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Под слоганот „Имаме должност да спречиме менување на реалноста“ Светиот архијерејки синод на МПЦ – ОА повикува на сенареден протест против Законите за родова еднаквост и за матична евиденција. Собирот е закажан за в четврток во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Во видео-обраќање поглаварот на МПЦ г.г. Стефан рече дека се прави обид законитие да се донесат брзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, особено на жените и децата. Тој вели дека било укажано на низа спорни елементи од стручната фела и граѓаните во предложените закони, но оти тие не биле земени в предвид.

Од Министерството за труд и социјална политика информираа дека Законот за родова еднаквост е во работна верзија и дека се одржале 18 јавни трибини, по кои ќе се вградат предлози кои произлегле од нив, меѓу кои и забалешки дадени од претставници на дел од македонските епархии.

Инаку, на Фејсбук како и многу други вести од Денешен, денеска е блокирано ширењето и на информацијата токму за ставот на епискотпот Јаков Стобиски. Во образложението на „вистиномерите“ стои: „Обајви коишто делуваат како непосакувана содржина согласно нашите принципи на заедницата се блокираат на Facebook и не можат да се уредуваат“.