Ракометната селекција на Македонија ја совлада Романија со 30:22 во првиот од двата дуели во полуфиналниот двомеч од баражот за СП.
Во првото полувреме, романските ракометари добро се држеа и на паузата се замина со три голови предност за Македонија (16-13).
Во второто полувреме беше друга приказна, а се подразбуди и Филип Талески кој запиша 10 гола, Лазаров седум, а Филип Кузмановски пет голови.
Реваншот во Романија се игра во сабота, од 17 часот со пренос на МТВ.