Барометарот на корупција на Транспаренси Интернешнл-Македонија за април по нивното следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, наречена „Бистро-Матно“, во „бистрите“ настани ги посочува уапсените 17 припадници на затворската полиција поради поврзаност со бегство на затвореник и МВР ќе поднесе две кривични пријави поврзани со изборите.
Според барометарот на Транспаренси Интернешнл-Македонија, стои во соопштението, како „матни“ настани се наведени забелешките од извештајот на Стејт Департментот за сериозна владина корупција и политички унапредувања во судството и обвинителството, како и оценката од Фридом Хаус за назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата во Македонија. Посочни се и случаите на Управниот суд и Академијата за судии и јавни обвинители, жалбите од граѓаните кај Омбудсманот за долги предистражни постапки на ОЈО Скопје со што застаруваат кривичните дела и Управниот суд кој поништи над 3.000 решенија за унапредување и вработување во Министерството за финансии и јавниот сектор. цр/са/
Фото: принтскрин