Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле, доцнеше на вчерашниот тренинг, објави „АС“.
Ова не е прв пат 22-годишниот Французин да доцни. Претходно беше соопштено дека клубот може да го продаде играчот поради фактот што тој не ги сфаќа сериозно своите должности.
Французинот се пресели во каталонскиот тим во 2017 година за 105 милиони евра од Борусија Дортмунд.