Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел не ја негираше можноста за трансфер на фудбалерот на Челзи, Жоржињо.

Кога Германецот го прашаа за ова во етерот на една француска телевизија, тој мистериозно се насмевна.

– Не можам да кажам ништо. Но … убав обид, рече Тухел.

ПСЖ оваа сезона ја брани титулата во Лига 1 и има амбиција конечно да ја освои Лигата на шампионите.