Шпанскиот прволигаш Барселона попладнево официјално соопшти дека ќе започне судска постапка против „Ел Мундо“, откако весникот еднострано објави детали од договорот вреден 555 милиони евра меѓу каталонскиот клуб и капитенот Лионел Меси.
Мадридскиот весник, поткрепувајќи ја информацијата со фотографија од оригиналниот документ, претходно денеска изнесе поединости од договорот потпишан во 2017 година, според кој Аргентинецот во Барселона заработува 138
-Барселона категорично отфрла каква и да е своја одговорност за објавувањето на овој документ и ќе преземе судски дејствија против весникот „Ел Мундо“ за сите штети што можат да произлезат од изнесените информации, соопшти каталонскиот фудбалски клуб.