Актуелниот европски првак Шпанија го освои бронзениот медал на Светското првенство за ракометари, откако попладнево ја совлада Франција со 35:29 (16:13).

Шпанците доминираа во „малото финале“ и уште од почетниот удар беа во континуирано водство кое на моменти во првото полувреме изнесуваше и пет голови разлика.

Французите се доближија на гол негатива на почетокот на второто полувреме (16:15), но Шпанија со серија од 4:1 повторно се одвои и рутински ја задржа предноста до самиот крај на мечот.

Најефикасен на натпреварот беше Алекс Душебаев со осум голови.

Светското првенство во Египет завршува вечерва со финалната пресметка меѓу актуелниот бранител на титулата Данска и Шведска.