Во финалето на СП во ракомет во Египет, Данска ја совлада Шведска со 26-24.

За Данците тоа беше петто финале и втор трофеј, додека Швеѓаните кои низ историјата имаат осум финалиња останаа на четирите златни медали.

Шведска во Каиро направи подвиг со пласман во финалето бидејќи допатува со речиси втор состав, а во прелиминарната фаза ја совлада Македонија со 32-20.

Бронзата ја освои Шпанија со триумф над Франција со 35-29, а нашите ракометари завршија на 24-то место. Следниот мундијал ќе се игра за две години во Полска и Шведска.