Шпанскиот фудбалски шампион Барселона сака да го донесе Нејмар од Пари Сен-Жермен.

Каталонскиот клуб планираше да го врати Бразилецот во текот на летото, но плановите беа спречени од пандемијата на коронавирус. Договорот е сè уште можен, пренесува „Диаро Спорт“.

Барселона“ има намера да заработи од продажба на играчи од сегашниот состав и клубот да заработи околу 100 милиони евра до 30 јуни. Тие пари треба да се искористат за трансфер на Нејмар, бидејќи во клубот веруваат дека бразилскиот фудбалер може да игра клучна улога за трофејот во Лигата на шампионите. Дополнително во прилог на оваа идеја е тоа што играчите сакаат тој да се врати на „Камп Ноу“.

Сепак, сега Барса не планира да стори ништо, но сака да почека до крајот на јули.