Кашима Антлерс официјално го потврди трансферот на напаѓачот Хироки Абе во Барселона.
20-годишниот фудбалер е еден од најголемите таленти на јапонскиот фудбал и стана вториот по Такефуса Кубо (Реал Мадрид), кој ова лето премина во еден од гигантите на Ла Лига.
Абе направи деби во сениорскиот фудбал во 2017 година, а минатата сезона триумфираше со трофејот од Азиската шампионска лига.
Минатиот месец фудбалерот запиша и прв натпревар за јапонскиот национален тим за време на учеството во Копа Америка.
Минатата кампања Абе ја освои наградата за најдобар дебитант во Џеј-лигата. Се верува дека, барем во почетокот, тој ќе игра во вториот тим на Барселона.