Рускиот тенисер Даниел Медведев ќе игра во финалето на АТП турнирот во Барселона, по денешната победа над Кеи Нишикори од (Јапонија) во три сета – 6:4, 3:6, 7:5.
Мечот траеше 2 часа и 26 минути.
Во финалето, 23-годишниот Медведев ќе се сретне со победникот од дуелот Рафаел Надал (Шпанија) – Доминик Тим (Австрија).
Наградниот фонд на турнирот во каталонската престолнине изнесува 2,6 милиони евра.