Капитенот на Барселона, Лионел Меси синоќа подготви два гола за своите соиграчи во триумфот над Виљареал со 4:1.
Аргентинецот во 34. коло од шампионатот на Шпанија им асистираше на Луис Суарез и Антоан Гризман и стигна до 19 додавања по кои е постигнат гол. Ова е личен рекорд за Меси.
Во сезоните 2010/11 и 2014/15 година, Лео направи 18 асистенции. Тој ја предводи и листата на стрелците со 22 гола.
Оваа сезона, шесткратниот носител на „Златна топка“ има 27 голови и 24 асистенции на 38 натпревари во сите натпреварувања.