Актуелниот шпански шампион Барселона не се откажува од одбрана на трофејот. Каталонците синоќа на тешкото гостување кај Виљареал забележаа победа со 4:1 и не му дозволија на Реал Мадрид многу да се одлепи на врвот на табелата во Ла Лига.

Головите за Барселона ги постигнаа Франциско Торес (автогол), Луис Суарез, Антоан Гризман и Ансумане Фати, додека за Виљареал погоди Џерард Морено.

Со овој меч се комплетира 34. коло по кое Реал има 77 бода, Барселона 73, Атлетико Мадрид 62, Севиља 57, Виљареал 54,…