Во шесте натпревари од ЛШ од 21 часот, Барселона со пресврт успеа да го победи Интер на свој терен. Иако гостите поведоа со 0:1 уште во третата минута, Барселона со два гола на Суарез, од кои вториот во 84 минута, успеа да победи со 2:1.

Ливерпул беше на прагот на катасрофа откако поведе со 3:0 против Салцбург на свој терен, а гостите стигнаа део 3:3. Сензацијата ја спречи Салах со четвртиот гол во 69 минута.

Лампард и Челзи го совладоа Лил на нивното гостување во Франција со 1:2, а Лион изненадувачки го порази Лапциг на негов терен со 0:2. Лион постигна по еден гол во двете полувремиња.

Изненадување е и катастрофата на Валенсија на свој терен. Поразена е од Ајакс со 0:3, а Зенит во Москва ја прегази Бенфика со 3:1.

Претходно Генк-Наполи 0:0 и Славија-Борусија 0:2.