Шефот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу призна дека ако каталонците се нашле во ситуација, слична на онаа во која се наоѓа Реал Мадрид сега, би поднел оставка.

Како што е познато, најголем противник на „каталонците“ во Шпанија поминува низ тешка фаза. „Белите“ се на 12 поени зад лидерот Барселона на табелата во Ла Лига, беа елиминирани од составот на Ернесто Валверде во полуфиналето на Купот, а во вторникот беа елиминирани и во Лигата на Шампионите. Ајакс го совлада 13-кратниот европски клупски шампион во осминафиналето.

– Ако тоа се случеше кај нас, јас би поднел оставка уште пред да почувствувам дека има надворешен притисок за ова, рече Бартомеу, цитиран од „Мундо Депортиво“.

Претходно, шпанското издание „АС“ спроведе анкета во која праша кој е главниот виновник за кризата во која Реал Мадрид. Најголем процент од оние кои учествуваа се обединија околу ставот дека тоа е претседателот Флорентино Перез