Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, рече дека клубот треба да биде подготвен за фактот дека Лионел Меси еден ден ќа ја заврши кариерата.
– Еден ден Меси ќе каже доста е. Ние мора да го подготвиме клубот за иднината. Треба да привлекуваме извонредни млади играчи, бидејќи сакаме да ја продолжиме ерата на успех. Ова е наша одговорност. Мојот мандат ќе заврши за две години. И тогаш, кога ќе го напуштам своето место, ќе морам да му кажам на новиот претседател: “Ова е наша гаранција”, изјави бартоему.
Сегашниот договор на Меси со Барселона истекува летото 2021 година. Оваа сезона, тој одигра 28 натпревари на кои постигна 29 гола и оствари 17 асистенции. зс/